24фудбал

ПСЖ има еден услов за преселба на Икарди во Јувентус

По најавите дека Мауро Икарди се враќа во Серија А, Спортмедиасет објави дека зделката е прилично комплексна бидејќи ПСЖ сака да го продаде напаѓачот а Јувентус бара да го позајми.

Франција

Новинарот Педро Алмеида синоќа објави дека Мауро Икарди се враќа во Серија А, Аргентинецот се сели на позајмица во Јувентус.

Според Спортмедиасет, Макс Алегри е голем фан на Мауро Икарди и напаѓачот е на врвот на листата со желби на тренерот за зимскиот преоден рок, но зделката е прилично комплексна.

Јувентус сака да го ангажира Мауро Икарди само на позајмица со цел летоска да има слобода да ја одбере новата ѕвезда која ќе го предводи нападот (Душан Влаховиќ се посочува како прв кандидат).

ПСЖ нема ништо против Мауро Икарди да се пресели во Јувентус, но бидејќи треба да приберат околу 100 милиони евра, „светците“ сакаат тоа да биде во форма на перманентен трансфер.

Останува да се види дали ќе биде пронајдена формула која ќе им одговара на двете страни, Спортмедиасет додава дека Јувентус се надева на помош од Мауро Икарди, кој ќе треба да изврши притисок врз Леонардо и ПСЖ.