24фудбал

Алиоски расположен на сратот од новата година, ја отвори 2022 со гол и асистенција (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски забележа гол и асистенција на дуелот помеѓу Ал Ахли и Ал Шабаб, за жал учиникот на Македонецот не беше доволен за неговиот тим да стигне до добар резултат.

Македонија

Езгјан Алиоски одлично ја отвори новата година, Македонецот забележа асистенција и постигна гол против Ал Шабаб.

Тој најпрво во 39. минута нафрли од корнер за Асири да намали на 1-2, за во финишот на првиот дел од пенал да изедначи на 2-2.

Неговата добра партија сепак не беше доволна за Ал Ахли да стигне до позитивен резултат, гостите на крајот забележаа победа од 3-4.