24фудбал

Димитриевски на четвртото место помеѓу голманите во фудбалска Европа (ФОТО)

Изминатиов период кружат гласини дека Македонецот е на листата на желби на каталонскиот гигант Барселона.

Македонија

Според методот „шутеви во рамки на гол / минус примени голови“, македонскиот репрезентативен голман, како и член на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е четврти најдобар голман во Европа.

Барселона се обидува да го купи Столе Димитриевски! (ФОТО)

Димитриевски, кој се поврзува со можен трансфер во Барселона, има 5,9 спасени гола, а за одбележување е фактот што на 18 меча во Примера сезонава, на шест меча ја сочува својата мрежа, а прими 18 гола.

На првото место според оваа статистика која ја објави „Сан“, се најде голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, а по него Жозе Са од Вулверхемптон, пред Димитриевски е воедно и голманот на Бохум, Мануел Рајман.