Данецот и повеќе од веројатно е дека не сака да се откаже од фудбалската топка, тој наводно чека прилика за враќање на Островот, а опција е воедно и Холандија.
Категорија: Останато 30.12.2021 20:13
Италијанските фудбалски закони налагаат дека со вграден дефибрилатор не може да се настапува во тамошното првенство, па така Интер и Кристијан Ериксен ја раскинаа соработката откако Данецот имаше срцев напад за време на Европското првенство.
Освен што не му е дозволено да игра, истовремено нема дозвола ниту да тренира, па тој во моментов престојува во Швајцарија каде воедно и обавува тренинзи, а се верува дека нема да се повлече од фудбалот.
Неофицијалните информации кои пристигнуваат, говорат дека Данецот чека шанса за враќање во Премиерлигата или холандската Ередивизие, во првата настапуваше за Тотнем, а за другата за Ајакс.