24фудбал

Диего Коста вози трактор по улиците во Бразил (ВИДЕО)

Најголемиот дел од фудбалерите уживаат да возат скапи спортски коли, но има и такви кои имаат задоволство и за други невообичаени возила за тој свет.

Јужна Америка

Диего Коста покажа дека знае и ужива да вози трактор. Тој си ги возеше децата со голем, жолт трактор и предизвика огромно внимание на социјалните мрежи.

Бразилецот неодамна се врати во Бразил, потпиша за Атлетико Минеиро и овој месец ја освои шампионската титула.

Некои информации велат дека Диего Коста со тракторот пристигнал на натпревар на едно од неговите деца.