Кина донесе контроверзен закон со кој им забранува на фудбалерите да играат во националниот тим ако се тетовирани, дури и да не добиваат договори во клубовите.
Категорија: Останато 30.12.2021 17:26
Кинеските власти сметаат дека фудбалерите треба да бидат пример за останатите, а според нив тетоважи не смеат да носат примерни луѓе, па донесео одлука со која забрануваат во фудбалската репрезентација да има тетовирани играчи.
„Нема договор, нема репрезентација за тој што има тетоважи. Тие што веќе ги имаат, нека ги покријат како знаат и умеат, зашто во спротивно нема да играат. Фудбалерите мора да бидат пример во општеството, како и останатите спортисти. Мора да се пример за здрав живот, однесување, а и со самата појава да бидат посебни и позитивни“, велат од кинеската репрезентација.
Одлуката се смета за скандалозна во Кина со оглед на тоа колку се распространети тетоважите во светот, и тоа е нешто што се смета за многу нормална работа во најголемиот дел од земјите.