24фудбал

Серафимов се најде во тимот на полусезоната во Унгарија (ФОТО)

Големо признание за Македонецот во неговата прва сезона како член на Залаегерсег, Серафимов се најде во најдобриот тим на полусезоната во унгарското првенство.

Македонија

Серафимов одигра 16 натпревари и постигна дури четири голови, што за централен дефанзивец е голема бројка. Тој беше одличен и во извршување на дефанзивните задачи па стана еден од двајцата претставници на својот клуб во тимот на полусезоната во унгарскиот шампионат.