24фудбал

Манчини: Не размислувам за Португалија, мислам само на Македонија, сé може да се случи

Селекторот на Италија, Роберто Манчини во интервју за „Газета дело Спорт“, вели дека нивниот фокус е само на мечот со Македонија, за Португалија не размислуваат сега.

Македонија

Роберто Манчини имаше големо новогодишно интервју за „Газета дело Спорт“ во кое меѓудругото посочи дека сегашниот фокус на италијанската репрезентација е кон Македонија.

„Не размислувам за Португалија. Мислам само на Македонија. Сé може да се случи кога се игра само еден натпревар“, вели Манчини.

Манчини планира за мечот со Македонија да ја засили офанзивата со Скамака од Сасуоло кој игра во одлична форма, како и со Заниоло кој оваа сезона веќе има континуитет на натпревари.