24фудбал

Нова трагедија, почина фудбалер на загревање (ВИДЕО)

Зачестија трагедиите на спортските борилишта, овој пат вест за смрт на 29-годишен фудбалер од Оман, Мукхалед Ал-Ракади.

Останато

Тој почина од срцев удар за време на загревање пред дуелот на неговиот тим Мускет со Ал Саваига.

Лекарите влегоа во терен, веднаш беше пренесен и во болница, но неколку часа подоцна ја загубил битката.

Неговите соиграчи и сите на теренот не можеа да поверуваат што се случува, сликата беше мачна.