24фудбал

Мурињо би можел да предводи селекција на Африканскиот куп на нации

Иако поминаа само шест месеци откако го презеде кормилото на „Римската волчица“, португалскиот фудбалски стратег преговара за селекторска позиција.

Останато

Во Нигерија известуваат дека актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо е во преговори со куќата на фудбалот на таа земја за селекторската позиција, со тоа што би можел да ја предводи таа селекција на Африканскиот куп на нации.

Нигерија е во потрага по нов селектор откако го отпушти германскиот фудбалски стратег Гертон Рор, кој пет години беше на клупата на таа селекција.

Првиот човек на нигерискиот фудбал, Амају Пиник тврди дека идната седмица би можеле да го назначат новиот селектор, а тоа може да се случи најдоцна за две седмици, а не криеше дека постојат разговори со Мурињо.

Не можам да кажам дека не сме разговарале со Мурињо, бидејќи ние го сторивме тоа, тоа го стори и министерот за спорт, нема ништо погрешно во тоа“ рече тој.