24фудбал

Бабунски е најдобар напаѓач во Бугарија

Актуелниот договор на Македонецот со Ботев Враца истекува идното лето, а со оглед на големиот интерес за неговите услуги, нема да зачуди доколку направи трансфер уште идниот месец.

Македонија

Дориан Бабунски е најдобар напаѓач на полусезоната во најсилниот бугарски фудбалски шампионат, каде во дресот на Ботев Враца постигна 10 погодоци, а запиша и уште 2 асистенции на 19 меча.

Одличните партии на нашиот 25 годишен напаѓач го оставаат во игра тимот на Ботев Враца за изборување на опстанок во тамошното елитно друштво, а Бабунски воедно има и најдобар индекс од напаѓачите во Бугарија.

Со индекс од 63,53, Бабунски има 25 обиди кои завршиле во рамките на противничките голови од вкупно 38 обиди, а изнуди и три пенали, па така има подобар статистички учинок и од првиот стрелец во лигата Каиседо (12) од ЦСКА Софија.


Фото-вест: gong.bg (архива)