24фудбал

Официјално: Тихомир Костадинов се пресели во Полска

Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадионов е нов играч на полскиот клуб Пјаст Гливице со кој потпиша договор до 2025 година.

Македонија

Костадинов досега го носеше дресот на Ружомберок за кој настапуваше четири сезони. 

25-годишниот Македонец почувствува дека сега е време за нов предизвик и се пресели во полската лига.

„За мене, ова беше лесна одлука. Ова е чекор напред во мојата кариера. Пјаст е голем клуб и игра во силна лига. Мило ми е што добив шанса да играм за Пјаст. Се надевам дека ќе постигнувам многу голови за екипата и ќе ѝ помогнам за подобри резултати“, вели Костадинов.