24фудбал

Покетино упати предупредување до Јувентус за Икарди

Пред извесен период извршниот директор на Интер, Бепе Марота посочи дека воопшто не би му сметало евентуалното враќање на Икарди во Италија.

Франција

Предводникот на ПСЖ, Маурицио Покетино верува дека на секоја екипа и е потребен напаѓач од калибарот на Мауро Икарди, со тоа што поранешниот капитен на Интер се поврзува токму со трансфер во редовите на „Старата дама“.

Познато е дека Јувентус е во потрага по напаѓач, а Икарди се споменува како најсериозен претендент за таа позиција во клубот од Торино, меѓутоа со тоа не се согласува и Покетино.

Секогаш велам дека сите фудбалери се важни во тимот“ рече Покетино.

Мауро е фудбалер кој поседува посебен капацитет за постигнување на погодоци, би и бил потребен на секоја екипа, се уште верувам дека тимовите не зависат само од 11 фудбалери“ додаде аргентинскиот фудбалски стратег.

Потребно е да имате баланс во тимот, а токму тоа го носи Икарди во нашиот тим“ заклучи Покетино кој повеќе од веројатно е дека не сака продажба на својот сонародник.