Тажна вест доаѓа од фудбалот во Индонезија, голманот Тауфик Рамсиа, почина поради судир со противнички играч.
Категорија: Останато 22.12.2021 07:31
Тауфик Рамсија е член на третолигашот Торнадо, тој почина на само 20 години. Бил сметан за надежен голман и можен иден репрезентативец на Индонезија.
Голманот починал во болница по извршена операција на главата.
Тауфик заработил сериозна повреда по судар со противнички фудбалер на мечот меѓу Торнадо и Вахана.
По сударот веднаш бил пренесен во најблиската болница каде му била извршена операција, за жал таа била неуспешна.