24фудбал

Димитриевски и Рајо Ваљекано се неприкосновени на свој терен, подобри се од Баерн, Сити, Ливерпул... (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман на 18 меча прими исто толку и погодоци во сопствената мрежа, а истата ја сочува на шест меча, што е повеќе од солиден учинок за него.

Македонија

Гледано од статистички аспект, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано каде прв чувар на мрежата од голот е Столе Димитриевски, е најдобриот клуб во Европа ако се земе во предвид резултатите на домашен терен.

Од девет натпревари сезонава, тимот на Димитриевски успеа да освои 25 бода, што е идентичен резултат како оној на ПСЖ, но со бод повеќе во однос на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, односно три во однос на Манчестер Сити, Севиља и Арсенал.

Рајо Ваљекано има фантастичен старт во новата сезона од Примера, а моментално е стациониран на четвртото место на табелата по 18 одиграни кола во најсилниот шпански фудбалски шампионат.