24фудбал

Мбапе за роденденот доби подарок кој треба да му создаде притисок да потпише нов договор со ПСЖ (ФОТО)

За време на роденденската прослава, Килијан Мбапе се сликаше со дрес на ПСЖ на кој е испишано неговото презиме и 2050 година.

Франција

ПСЖ се уште се бори да го убеди Килијан Мбапе да стави потпис на нов договор, и веројатно тоа ќе го прави се додека не се случи нешто конкретно помеѓу него и Реал Мадрид.

Мбапе веќе од јануари може да почне официјални преговори со други клубови и да потпише преддоговор.

Се верува дека по осминафиналниот двомеч меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во ЛШ, Мбапе ќе потпише за кралскиот клуб, но додека тоа не се случи, ПСЖ на секој начин ќе се обидува да го предомисли.

На синоќешната роденденска забава Мбапе заедно со своите соиграчи се сликаше со дрес на ПСЖ на кој беше неговото презиме и 2050 година.

Нејасно е кој се погрижил да добие ваков подарок, но тој сигурно е форма на притисок да потпише нов договор.