24фудбал

Инфантино: Ако не сакаме децата да ни заминат од фудбалот, треба да им дадеме СП на две години

ФИФА упорно го турка проектот за Светско првенство на две години, па претседателот на Светската фудбалска организација проба и на емоции да ги фати фудбалските фанови.

Останато

ФИФА сака Светско првенство на две години, а УЕФА и КОНМЕБОЛ силно се противат на тоа, дури и најавија бојкот на Мундијалите.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се обиде да изнуди емоции кај јавноста, па во својот говор ги додаде и децата.

„Доколку не сакаме децата да ни избегаат од фудбалот, треба да им дадеме Светско првенство на секои две години“, изјави Инфантино.

Иако не изгледа логично одржување на Светско првенство на две или четири години да направи разлика во љубовта кон фудбалот на децата, Инфантино се обиде да игра и на таа карта.