24фудбал

Мол Фехервар под будно око го следи Серафимов

Младиот македонски дефанзивец има фантастична сезона во најсилниот фудбалски шампионат во Унгарија, а постои голем интерес за неговите услуги.

Македонија

Унгарските медиуми известуваат дека Мол Фехервар би можел да му донесе сонародник на Висар Муслиу во одбраната, со тоа што под будно око го следи Никола Серафимов кој бележи одлични настапи во дресот на Залаегерсег.

Се верува дека се почнати и преговори помеѓу Мол Фехервар и Залаегерсег за можен трансфер на 22 годишниот Серафимов кој на 16 настапи успеа да постигне и четири погодоци сезонава.

Серафимов има важечки договор со Залаегерсег до 2024 година, што на клубот му дава олеснителна околност за излегкување на максимум во преговорите за потписот на Македонецот.