24фудбал

Прекрасен гол на новиот македонски репрезентативец, Валон Етеми (ВИДЕО)

Новиот член на македонската фудбалска репрезентација, Валон Етеми постигна прекрасен гол на мечот кој неговиот Истанбулспор го доби со 2-1 против Самсунспор.

Македонија

Етеми голот го постигна во 74. минута, една топка идеално му легна, шутна од голема далечина со полу-волеј и ја смести топката во мрежата на противникот.

Гостите потоа изедначија на 1-1, но Истанбулспор дојде до триумф од 2-1 со погодок во судиското продолжение.