24фудбал

Филип Гачевски се врати во Вардар

Искусниот голман, Филип Гачевски се врати во Вардар и стави потпис на тригодишен договор со својот поранешен клуб.

Македонија

Вардар доби големо засилувања за преостанатиот дел од сезоната, Филип Гачевски кој бранеше за тимот во најуспешните години, се врати и сега.

„Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити", вели Гачевски.