24фудбал

Голманот и капитен на Црвена звзда, Борјан сака да си оди поради кавга со Станковиќ!

Црвена звезда може да остане без својот голман и капитен за вториот дел од сезоната откако Милан Борјан и Дејан Станковиќ имале сериозна кавга.

Останато

Српските медиуми пишуваат дека голманот Милан Борјан најверојатно ќе ја напушти Црвена звезда откако влегол во кавга со тренерот Дејан Станковиќ.

Утринава се обрати Борјан и потврди дека сака да си оди од Црвена звезда, велејќи дека причините се многу подлабоки, поконкретни и поголеми од тоа што се пишува. Не кажа дали е точно дека се скарал со Дејан Станковиќ.

„Синоќа во медиумите се појави информација дека сакам да си одам од Црвена звезда и дека причина за тоа е што не можам да трпам тензија и притисок. Да, сакам да си одам од Црвена звезда бидејќи мислам дека на клубот му дадов срце, душа и секој атом од силата и дека дојде време своето место да му го отстапам на достојната замена. Црвена звезда знае дека пет години сум изложен на најголеми притисоци, скандирања, напади на своето семејство и дека во секој момент го давав максимумот и гинев за овој грб кога било најтешко“, вели Борјан.

Причините за мојата желба да се повлечам се многу подлабоки, поконкретни и поголеми. Ако има потреба во некој момент ќе го споделам и тоа со вас бидејќи навивачите на Црвена звезда отсекогаш биле мој најголем мотив, моја сила и причина да се борам од година во година се посилно. Сите навивачи и медиуми ги замолувам да ми дозволат во мир да го поминам одморот со фамилијата и во наредниот период нема да се огласувам на оваа тема. Ви благодарам на разбирањето. Засекогаш ваш војник Милан Борјан“.