24фудбал

Ериксен има понуди од два клуба

Агентот на Кристијан Ериксен открива дека данскиот фудбалер има понуди од два клуба, но не кажа кои се тие.

Останато

Кристијан Ериксен синоќа го раскина договорот, но Данецот нема намера да престане да игра фудбал и покрај проблемите со срцето.

Тој ќе игра со вградениот дефибрилатор, нешто што не е дозволено во Серија А, но дозволено е во други лиги.

Според Фабрицио Романо, Ајакс не е меѓу клубовите кои би го ангажирале Ериксен, но веќе има понуди од други клубови за данскиот фудбалер.

„Можам да потврдам дека тој ќе продолжи да игра, два клуба ми се јавија, ме прашуваа за него пред две недели“, потврди агентот Мартин Шутс.