24фудбал

Шкупи доби казна за инцидентите на дербито со Шкендија

Дисциплинската комисија при куќата на фудбалот во земјава не се штедеше за казната која му ја врачи на клубот од Чаир.

Македонија

Шкупи и Шкендија ремизираа со резултат 1-1 во дербито на 17 коло од Првата македонска фудбалска лига од изминатата седмица, а дисциплинската комисија при ФФМ имаше полни раце работа за дербито.

Се случија инциденти на Чаир каде имаше фрлање на тврди предмети кон теренот, а имало и неофицијални лица во службените простории на стадионот на Чаир, со што Шкупи доби парична казна од 5.000 евра.

Освен паричната казна, Чаирчани првите два меча на домашен терен од пролетниот дел од сезоната ќе ги одиграат пред празни трибини, а тоа се натпреварите против Академија Пандев, односно Тиквеш.

Шкупи со 42 бода е лидер во домашниот шампионат по 18 одиграни кола, Академија Пандев заостанува седум бода зад лидерот, а Шкендија осум.


Фото-вест: FC Shkupi (Facebook)