24фудбал

Порто ангажирал „докторка“ за 180 илјади евра годишно, а таа има контроверзна задача во клубот

Порто нема пораз сезонава во Португалија по 14 кола, а бодовно е на исто ниво на делба на првото место со актуелниот првак Спортинг Лисабон.

Останато

Порто се најде во една доста контроверзна ситуација во Португалија, откако „Абола“ објави дека клубот ангажирал извесна Мадалена Аросо, официјално како докторка, меѓутоа шпекулациите велат дека таа има сосема друга задача во клубот.

Се верува дека Аросо била ангажирана директно од претседателот на клубот, Жорж Нуно Пинто да Кошта пред пет месеци, а со месечна плата во висина од 15 илјади евра, што на годишно ниво изнесува близу 180 илјади евра.

Многумина се посомневаа во нешто чудно во однос на оваа ситуација, а најмногу од фактот што Аросо е најплатената во клубот, несметајќи ги фудбалерите и стручниот штаб, а за неа се верува дека може да ја предвиди иднината, а со самото тоа и резултатите од фудбалски аспект за клубот.

Во 2017 година од Порто на адреса на Бенфика беа упатени низа обвинувања дека лутиот риввал ангажирале лица кои употребиле магија за да им помогне да ја освојат титулата, а таа сезона Бенфика освен што го освои првенството, истовремено го освои и националниот куп.