24фудбал

Првиот човек на Лил го прашаа за можното враќање на Азар, а тој изненади со одговорот

Белгиецот мака мачи со формата која претрпе во голема мера поради повредите кои често го следеа во дресот на „Кралевите“.

Франција

Претседателот на францускиот првак Лил, Оливие Летанг не ја отфрли можност за Еден Азар да се врати во клубот, откако Белгиецот се соочи со тежок период минат во дресот на Реал Мадрид каде направи трансфер од Челси.

Азар да се врати во Лил? Тоа не е невозможно“ рече Летанг.

Доколку е потребно ќе одам во Шпанија, можеби за некого сево ова звучи невозможно, сепак, Азар е неверојатен фудбалер со многу фудбалски квалитети на себе, во моментов тој е член на Реал Мадрид и има договор со тој клуб“ додаде тој.

Азар токму од Лил во 2012 година направи трансфер во Челси каде го покажа сиот раскошен талент со кој располага, но во Реал Мадрид го наследија низа повреди кои му нанесоа проблеми во формата.