24фудбал

Нема да има одложување на Африканскиот куп на нации

Официјални претставници на Африканската фудбалска конфедерација потврдиле дека натпреварувањето ќе се одржи според планот, а не се разгледувало засега никакво одлагање.

Останато

Организаторите на Африканскиот куп на нации ставија јасно дознаење дека натпреварувањето ќе се одржи и покрај ситуацијата со ковид-19, откако за момент се појавија одредени шпекулации за неизвесноста на турнирот.

„РМЦ“ извести дека постои голема можност натпреварувањето да се одложи, а „Газета дело Спорт“ пренесе дека не постои никаков ризик од такво сценарио.

Организаторите сепак демантираа дека се разгледува можноста за одлагање на турнирот кој е предвидено да се одржи во Камерун почнувајќи од 9 јануари, а ќе трае до 6 февруари.