24фудбал

Првиот човек на Ла Лига го „пецна“ Реал за ждрепката во ЛШ: Нели сакаа поинтересни натпревари!

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тевас не пропушти да го истрола Реал Мадрид за контроверзната ждрепка од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

При првото влечење Реал Мадрид ја доби Бенфика, но при второто за противник на кралскиот клуб се падна ПСЖ.

Реал Мадрид негодуваше на ждрепката, бидејќи при првиот обид тие беа први извлечени и понатамошните грешки кои беа направени немаа никакво влијание на нив.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тевас кој во последно време е во војна со Реал Мадрид, не пропушти да го истрола кралскиот клуб.

Флорентино Перез сака Суперлига каде ќе играат најсилните и најатрактивните клубови, па Тебас смета дека Реал Мадрид доби токму таков тим од второто извлекување и нема потреба да се буни.

Можеби Реал Мадрид е во право и не требаше да биде повторена целата ждрепка. Тоа беше срамно. Не знам дали беше човечка или техничка грешка, но можеби Реал е во право дека целата ждрепката не требаше одново да биде влечена. Но тоа е лично мислење. А нели тие сакаа поинтересни натпревари? Па ова им е поинтересен натпревар отколку што ќе беше со Бенфика“, изјави Тебас.

Тебас гласно се бореше против затворена лига како што беше планирана Европската Супер Лига во која требаше да бидат Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид од Шпанија.