24фудбал

Ванда Нара се врати во Аргентина: Ќе ја барам Чина Суарез!

Ванда Нара со своите пет деца оваа недела се врати во Аргентина, сопругата на Мауро Икарди не пропушти да испрати „отровни“ стрели до Чина Суарез, која имаше афера со фудбалерот на ПСЖ.

Останато

Пред околу два месеци, Ванда Нара го привлече вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи ја нападна сонародничката Чина Суарез и откри дека таа имала афера со нејзиниот сопруг.

Со недели Мауро Икарди беше во фокусот на јавноста, се зборуваше за скап развод, но Ванда Нара на крајот му прости на својот сопруг и двајцата продолжија заедно.

Атрактивната блондинка оваа недела се врати во Аргентина за да го прослави својот роденден со семејството и пријателите. На аеродромот беше пречекана од новинари и неизбежно беше прашањето за Чина Суарез.

„Доколку Чина во моментов со лет пристигне на аеродромот, што ќе се случи? Дали ќе си кажете здраво?“ – гласеше прашањето на еден од новинарите.

Ванда Нара само кратко одговори: „Ќе тргнам да ја барам!“ и упати „отровна стрела“ до актерката: „Не им пишувам на женети мажи, ниту пак одговарам на пораки. Имам сопруг, имам семејство“.