24фудбал

Рамос ќе се бори до „смрт“ за да го победи Реал Мадрид

Серхио Рамос жали што го доби Реал Мадрид за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите, но ветува дека ќе даде се од себе за ПСЖ да се пласира понатаму.

Лига на Шампиони

Во денешната контроверзна ждрепка од Лигата на шампионите, ПСЖ го доби Реал Мадрид во осминафиналето. Тоа значи дека Серхио Рамос ќе игра против својот тим каде беше капитен за пример.

Рамос не ја крие љубовта кон Реал Мадрид, но вели дека е професионалец и ќе даде се од себе за ПСЖ да оди понатаму.

„Поминаа неколку тешки месеци за мене, со голема промена, го напуштив Реал Мадрид и се преселив во ПСЖ. Конечно се чувствувам добро и малку по малку се прилагодувам на динамиката на тимот“, вели Рамос.

„Судбината е сурова, јас сакав да се паднеме со било кој друг клуб, но...“.

„Знаете каква е мојата љубов и почит кон Реал Мадрид, но сега го бранам дресот на ПСЖ и ќе направам се што можам за да стигнам во следната рунда со нив“.

„ПСЖ е тимот кој се коцкаше со мене ова лето и ќе се борам до „смрт“ за ПСЖ“.