Категорија: Лига на Шампиони 13.12.2021 15:21
Денеска се случи нешто невидено, двапата се влечеа осминафиналните парови од Лигата на шампионите, откако при првото влечење беше направена грешка.
Направената грешка не влијаеше на Реал Мадрид, па кралскиот клуб се бунеше на повтореното влечење. Тие тогаш ја добија Бенфика, но од вторпат го добија ПСЖ кој важи за далеку посериозен противник.
Нема да гледаме осминафинален дуел меѓу Меси и Роналдо, во првото влечење се паднаа токму ПСЖ и Манчестер јунајтед, но црвените ѓаволи сега ќе играат против Атлетико Мадрид.
Осминафинале Лига на шампиони:
Салцбург - Баерн Минхен
Спортинг Лисабон - Манчестер Сити
Бенфика - Ајакс
Челси - Лил
Атлетико Мадрид - Манчестер јунајтед
Виљареал - Јувентус
Интер - Ливерпул
ПСЖ - Реал Мадрид
Првите натпревари се играат на 15/16/22/23 февруари, реваншите се на 8/9/15/16 март.