24фудбал

Во Реал Мадрид негодуваат за повторената ждрепка, и имаат право

По големиот кикс кој им се случи, УЕФА реши да ја повтори ждрепката за осминафиналето од Лига Европа, а Реал Мадрид е клубот кој може да испадне оштетен.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид ја доби Бенфика како противник за осминафиналето. Тоа беше првиот извлечен пар, па немаше никакво влијание од грешките кои започнаа потоа.

Грешките почнаа да се случуваат од вториот извлечен пар кога Виљареал го доби Манчестер јунајтед за противник, а не смееше.

Потоа за третиот пар Манчестер јунајтед не беше ставен како опција за Атлетико Мадрид.

Може да се каже дека ждрепката можеше да добие поинаков тек од вториот извлечен пар, но не и од првиот во кој беше Реал Мадрид, па во таборот на кралскиот клуб со право негодуваат на одлуката и сметаат дека може да бидат оштетени.