24фудбал

Официјално: Ждрепката за осминафиналето од ЛШ ќе биде повторена

Во 15 часот ќе се одржи нова ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите откако во првата се случија пропусти кои влијаеа на регуларноста.

Лига на Шампиони

По големите киксови кои се случија на ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите, неколку клубови се побунија за регуларноста и побараа да има ново извлекување.

Вината кај УЕФА беше очигледна, па тие намаа што друго да направат освен да ги прифатат барањата на клубовите.

Нова ждрепка е закажана за 15 часот.