24фудбал

И тоа се случи, киксна и УЕФА, грешка при ждрепката за ЛШ (ФОТО)

Не сме навикнати да гледаме грешки при извлекувањето на ждрепките од страна на УЕФА, но денеска тоа се случи.

Лига на Шампиони

Правилата се јасни, во осминафиналето не смеат да се паднат екипи кои играле во иста група или кои се од иста земја.

Но, откако беше извлечен Виљареал, за противник на шпанскиот тим беше извлечен Манчестер јунајтед, тимот со кој заедно играа во групната фаза.

Се зачудија сите, но Џорџо Маркети веднаш се извини за пропустот и беше влечен нов противник за Виљареал, го добија другиот тим од Манчестер, Сити.