24фудбал

Денеска ждрепка за Европските купови

Денеска на програмата се сите три ждрепки за европските фудбалски купови, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

Лига на Шампиони

Групните фази се зад нас, следуваат елиминациите, а возбудувањата секогаш почнуваат со ждрепката.

Паровите ќе се влечат во седиштето на УЕФА во Нион Швајцарија, а ќе почне со ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите која ќе се оддржи од 12 часот.

Час подоцна е ждрепката за Лига Европа, а потоа за новата Конференциска Лига.

Ждрепки:

12:00 часот Лига на шампиони

13:00 часот Лига Европа

14:00 часот Конференциска лига