24фудбал

Елмас кандидат за играч на колото во ЛЕ, можете да гласате и вие

Елмас заедно со уште тројца фудбалери е во трка за фудбалер на колото во Лига Европа, уште едно големо признание за нашиот фудбалер.

Лига Европа

Македонскиот репрезентативец синоќа имаше блескав настап и со два постигнати голови го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.

УЕФА го стави во тесниот избор за играч на колото каде покрај него се уште и Оршиќ од Динамо Загреб, Селиков од Спартак Москва и Ојарзабал од Реал Сосиедад.

Можете да гласате и вие на овој ЛИНК.