24фудбал

Станковиќ: Син ми ми рече дека сум славел како Мурињо против Барселона (ВИДЕО)

Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ го откри разговорот кој го имал со неговиот син по вчерашниот пласман во нокаут фазата од Лига Европа.

Лига Европа

По последниот судиски свиреж радоста на Станковиќ беше огромна. Тој трчаше по теренот. А неговиот син му рекол дека прославил како Мурињо.

„Се слушнав со син ми Стефан по мечот, тој ми рече: Тато, ти изгледаше како Жозе против Барселона. Емоциите беа исти, тоа беше ист трк, но јас сум далеку од Мурињо. Имаме многу работа за да дојдеме до тоа што го имаше Мурињо“, изјави Станковиќ.

Дејан Станковиќ многу добро ја знае таа прослава на Жозе Мурињо бидејќи беше дел од тимот на Португалецот кој ја освои тројната круна.