24фудбал

Станковиќ: После Бари ова е историја за Црвена звезда!

Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ вели дека пласманот во нокаут фазата од Лига Европа е најголем успех на клубот по освојувањето на Европската титула во Бари.

Лига Европа

Црвена звезда одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Бари и се пласира во полуфиналето од Лига Европа. Станковиќ не го криеше задоволството од успехот.

„После Бари, овие момци испишаа историја! Тоа е тоа за што зборувавме. Тоа е тој натпревар, тоа е тој момент. И покрај повредите и отсутните, оние кои настапија собраа сила и успеаа. Ова е победа за сите црвено-бели, за сите кои се радуваа и патат со нас. Ова е успех за сите нас кој работиме во клубот. Честитки и на мојот стручен штаб кој не се предава и кога боли и кога е тешко. Завршивме голема работа. Во оваа група да се освојат 11 бодовои е неверојатно“, изјави Станковиќ по мечот.

„Јас сум реалист во животот. Мораме да работиме уште многу, малку да се освежиме. Ќе зборуваме после, сега сум среќен“.