24фудбал

Спалети откри какво ветување му дал на Елмас доколку постигне втор гол (ВИДЕО)

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети имаше многу пофални зборови за Елиф Елмас откако Македонецот постигна два гола и ги предводеше „наполитанците“ до триумф од 3-2 над Лестер.

Лига Европа

Наполи ја продолжува авантурата во Лига Европа откако вечерва со 3-2 триумфираше над Лестер. Најзаслужен за победата е нашиот Елиф Елмас, кој два пати ја тресеше мрежата на Шмајхел.

„Тој е прекрасно, фантастично момче. Знае како да се адаптира на секоја улога“ - рече тренерот Лучано Спалети по крајот на натрепварот.

„Кога се мачите, го ставате во игра и тој ви носи добри работи“.

„На полувремето беше разочаран поради нешто што не направил како што треба, па му кажав дека ако постигне втор гол, ќе се фрлам и ќе се лизгам по тревата. Почекав да заврши натпреварот и го сторив тоа“.