24фудбал

Црвена звезда и Динамо Загреб продолжуваат во нокаут фазата од Лига Европа (ВИДЕО)

Црвена звезда остана непоразена на гостувањето кај Брага и како првопласирана оди во осминафиналето од Лига Европа, Динамо Загреб со 1-0 победи кај Вест Хем и го задржа второто место.

Лига Европа

Црвена звезда ја оствари целта, не загуби на гостувањето кај Брага. Мечот заврши 1-1, а и двата гола беа постигнати од пенал.

По седум минути игра во второто полувреме Галено даде гол од пенал за Брага, во 70. минута на ист начин израмни Црвена звезда.

Мечот меѓу Лудогорец и Митјиланд заврши 0-0. Па Црвена звезда го освои првото место во групата, Брага оди понатаму како втора.

Динамо Загреб со прекрасен гол на Оршиќ го победи Вест Хем во Лондон со 1-0.

Ристовски ги одигра сите 90 минути, Адеми настапи до 71. минута.

Динамо Загреб ќе одеше понатаму и со било кој резултат бидејќи Генк на свој терен загуби од Рапид Виена, а тоа беше клубот кој можеше да го загрози пласманот на Динамо во случај на пораз од Вест Хем.