24фудбал

Елмас со два гола го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше херојот на Наполи во денешниот решавачки меч против Лестер за пласман во следната фаза од Лига Европа, Наполитанците победија со 3-2, а нашиот фудбалер даде два гола.

Лига Европа

На Наполи само победа му одговараше против Лестер за да го освои второто место, а таа му ја донесе Елмас.

Резултатот го отори Оунас уште во четвртата минута, а во 24. минута Елиф Елмас по асистенција од Петања зголеми на 2-0.

Три минути подоцна Лестер намали преку Еванс, а во 33. минута Девсбури Хал израмни на 2-2.

По осум минути игра во второто полувреме Елмас даде уште еден гол кој значеше победа на Наполи од 3-2.

Спартак Москва оди во 1/8 финалето од Лига Европа, Наполи ќе треба да игра прво 1/16 финале во ова натпреварување, а Лестер се префрла во Конференциската лига.