24фудбал

Фановите на Бенфика бараа оставка од Жесус по победата над Динамо Киев

Дел од навивачите на Бенфика бараа оставка од Жорге Жесус и покрај тоа што нивниот тим се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

По последниот свиреж на судијата, дел од навивачите извадија бели шамивчиња и упатија свирежи кон Жесус и покрај тоа што нивниот тим го победи Динамо Киев и се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Причината се резултатите во домашното првенство. Откако Жесус се врати, односно од минатата сезона, раководството потроши 130 милиони евра, што за клуб како Бенфика е многу, но тоа не се отсликува на табелата.

Бенфика е на третото место со четири бода помалку од Порто и Спортинг. А во минатото коло на свој терен со 3-1 загубија од градскиот ривал Спортинг Лисабон.