24фудбал

Жесус: Му благодарам на Нагелсман за помошта

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус му се заблагодари на Јулијан Нагелсман за победата на Баерн Минхен над Барселона која беше клучна за Бенфика.

Лига на Шампиони

Бенфика со 2-0 го совлада Динамо Киев и благодарение на поразот на Барселона го освои второто место и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус му се заблагодари на тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман за победата над Барселона.

„Најпрво сакам да им честитам на моите фудбалери кои се пласираа во осминафиналето. Тоа е важен успех за овој бренд. Исто така сакам да му се заблагодарам на Нагелсман за неговата помош“, изјави Жесус.

„Одигравме одлично прво полувреме, уште од самиот старт тргнавме на победа бидејќи само така можевме да одиме во осминафиналето. Во вториот дел Динамо Киев ја презема контролата, нашата игра падна малку, но со замените и поддршката од фановите ни се врати самодовербата и победивме“.