24фудбал

Баерн пресилен за Барса, „каталонците“ за прв пат по 20 години нема да играат нок-аут фаза! (ВИДЕО)

Баерн Минхен беше пресилен за Барселона, славеше со 3-0 и ги исфрли „каталонците“ од Лигата на шампиони, избраниците на Чави во продолжението од сезоната ќе играат во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Барса не можеше до чудо во Минхен, „каталонците“ мораат да се помират со реалноста и за прв пат по 20 години да не бидат дел од нок-аут фазата во Лигата на шампионите.

Вечерва Баерн беше пресилен, Милер донесе водство во 34. минута, за Сане во финишот на првиот дел да испрати „проктил“ од 25 метри и да зголеми на 2-0.

Во 62. минута, Мусиала ги постави конечните 3-0 и ја испрати Барселона во Лига Европа.

Бенфика откако го преживеа Камо Ноу пред две недели, вечерва рутински со 2-0 го совлада Динамо Киев и го обезбеди второто место во групата.

Пласман во осминафинале обезбедија и Салцбург и Лил откако вечерва ги добија директните пресметки со Севиља, односно Волфзбург.

Последниот патник ќе биде познат утре, снегот го одложи мечот помеѓу Аталанта и Виљареал во Бергамо.