24фудбал

Верона му фрлила мерак на Алиоски, Македонецот се враќа во Европа?!

Езгјан Алиоски во јануари би можел да се врати во Европа, медиумите од Италија пренесуваат дека Верона сака да го ангажира репрезентативецот на Македонија.

Италија

По четири години поминати во Лидс, Џани Алиоски минатото лето ја напушти Премиерлигата и се реши за печалба во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Ахли.

Но тој би можел да се врати во Европа веќе во јануари, медиумите од Италија пренесуваат дека Македонецот е на радарот на Верона.

Тренерот Игор Тудор не смета на Џанлука Фработа, младиот Италијанец треба да се врати во Јувентус, па Езгјан Алиоски е идентификуван како играчот кој треба да му биде сериозна конкуренција на Дарко Лазовиќ на левата бековска/крилна позиција.

Фото: ФФМ