24фудбал

Мбапе го стави во втор план својот идол Роналдо: Меси е најдобар во светот!

Килијан Мбапе никогаш не криел дека Кристијано Роналдо му идол, но сега вели дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот.

Франција

ПСЖ синоќа со 4-1 го совлада Клуб Бриж во Лигата на шампиони, Килијан Мбапе и Лео Меси постигнаа по два гола. Двајцата делуваа добро воиграни за првиот погодок на Аргентинецот, Мбапе отвори простор и ги навлече дефанзивците за Меси во свој стил од врвот на шеснаесетникот да бие прецизно покрај стативата.

По крајот на натпреварот, Килијан Мбапе беше запрашан за соработката со Лео Меси и рече: „Лесно е да се игра со Лео Меси, тој е најдобриот фудбалер во светот. Пред неколку дена ја доби „Златната топка“, вечерва постигна два гола, среќен е тука и се надевам дека ќе ни биде од голема помош во иднина“.

Килијан Мбапе никогаш не криел дека идол му е Кристијано Роналдо, па многумина се изненадени од оваа изјава.

Останува да се види дали ова е само куртоазија бидејќи двајцата се соиграч, или пак Французинот полека се предомислува сега кога од прва рака гледа што може да направи Лео Меси.