24фудбал

Пиоли е разочаран, навивачите на Милан се среќни поради елиминацијата од Европа

Милан не успеа да го победи Ливерпул на Сан Сиро и не само што не се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, туку нема да игра ниту во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Ливерпул и со значително послаб тим го победи Милан. Тоа за росонерите значеше последно место на табелата и елиминација од Европа.

„Знаевме дека оваа група е неверојатно тешка, како и овој меч, за жал не успеавме да задржиме високо темпо. Направивме премногу грешки, кое на ова ниво се скапи. Тоа не чинеше европска пролет. Немавме искуство за вакви натпреварувања“, вели Пиоли.

„Видовме какви противници има во Европа, и каков квалитет и фокус се потребени, па од тоа ќе научиме. Нашата цел беше опстанок во Европа, но ќе се обидеме да извлечеме поуки од ова искуство и да продолжме да напредуваме. Ова е разочарувачки, но ќе помогне во процесот на растење. Потребни ни се вакви искуства за да бидеме посилни во иднина“.

За разлика од Пиоли, голем дел од фановите на Милан се радуваат на елиминацијата. Тимот ќе се насочи само кон Серија А и за разлика од конкурентите кои играат во Европа, посвеж ќе влегува во натпеварите. Таква беше ситуацијата со Интер минатата година кога го освоија Скудетото. Навивачите на Милан се надеваат дека и тие ќе имаат таква судбина оваа сезона.

Елиминацијата од Европа им ги зголемува шансите за трофејот во Серија А.