24фудбал

Во Вест Хем беше големо трансфер промашување, сега изедначи рекорд на Роналдо и го надмина Халанд

Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Але се впиша во историјата на Лигата на шампиони и стана само вториот фудбалер по Кристијано Роналдо кој успеал да постигне погодок на сите шест натпревари од групната фаза.

Лига на Шампиони

Себастијан Але во 2019 направи трансфер во Вест Хем вреден 45 милиони фунти, но не се снајде во Лондон, беше големо трансфер промашување и „чеканите“ по само 18 месеци решија да се разделат со напаѓачот и да го продадат на Ајакс за 19 милиони фунти.

Фудбалерот од БСК во Амстердам успеа да си ја врати кариерата на прав пат и вечерва испиша историја во Лигата на шампиони.

Откако по осум минути игра ја затресе мрежата на Спортинг, Себастијан Але стана само вториот фудбалер по Кристијано Роналдо кој успеал да постигне погодок на сите шест натпревари во групната фаза.

За него ова беше погодокот број 10, па го собори и рекордот на Ерлинг Халанд, и стана играчот кој со најмал број на натпревари (6) стигнал до 10 погодока во најелитното европско натпреварување.