24фудбал

Голот на Асенсио не се бранеше, Хандановиќ не мрдна, само со поглед ја проследи топката (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-0 триумфираше над Интер и го потврди првото место на табелата, Марко Асенсио прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот и ја запечати победата на домаќините.

Лига на Шампиони

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ беше еден од мечевите кои вечерва значеа нешто, Реал Мадрид и Интер играа за првото место во групата. На крајот, „кралевите“ го потврдија настапот во осминафиналето како носители во ждрепката, избраниците на Карло Анчелоти триумфиараа со 2-0.

Резултатот го отвори Тони Крос, Германецот прецизно биеше со лева од 20 метри за 1-0 во 17. минута од мечот.

Победникот беше решен на десет минути пред крајот, откако Интер остана со играч помалку, Барела доби црвен картон.

Асенсио доби топка на работ од шеснаесетникот, блокот доцнеше, па Шпанецот прекрасно пласираше и со помош на пречката ја затресе мрежата. Голот не се бранеше, Хандановиќ не се помрдна и само со поглед ја проследи топката.