24фудбал

Николов даде гол во Лигата на шампионите и го спаси Шериф од пораз! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов даде гол за Шериф Тираспол во Лигата на шампионите на гостувањето кај Шахтар.

Лига на Шампиони

Бобан Николов во игра влезе на почетокот од второто полувреме. Течеше 93. минута од мечот, Шахтар имаше предност од 1-0. Тогаш една топка дојде до Македонецот, тој ја смести во мрежата на домаќини и израмни на 1-1.

Шериф заврши на третото место во групата и ќе продолжи во Лига Европа.