24фудбал

Милан заврши со Европа за оваа сезона, Атлетико Мадрид е во осминафиналето (ВИДЕО)

Милан загуби со 2-1 на Сан Сиро од Ливерпул, а Атлетико Мадрид го победи Порто во Португалија со 3-1 и се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

На Милан му беше потребна победа против Ливерпул кој денеска на теренот излезе со значително ослабен тим но и тој се покажа како силен за росонерите.

Милан добро го почна мечот, поведе со гол на Томори во 29. минута од натпреварот, но радоста не траеше долго.

Само седум минути подоцна Салах реализираше за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

По десет минути игра во второто полувреме Ориги даде гол за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1 кое беше и конечен резултат.

Натпревар со многу тензија одиграа Порто и Атлетико Мадрид кој на крајот го доби убедливо шпанскиот тим со 3-0.

Почетниот резултат траеше до 56. минута кога по еден корнер топката стигна до Гризман кој погоди за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.

Тензијата си го направи своето па прво Караско во 67. минута доби црвен картон, а три минути подоцна и Вендел кај Порто беше исклучен.

Во 90. минута по една брза контра Кореа донесе водство за Атлетико Мадрид од 2-0, а во 92. минута Де Паул зголеми и на убедливи 3-0.

Но тоа не беше се на овој меч, во последните моменти од мечот Порто доби пенал кој го реализираше Серхио Оливеира поставувајќи ги конечните 3-1.

Од оваа група Ливерпул и Атлетико Мадрид одат во осминафиналето, црвените до првото место дојдоа со максимални 18 бодови. Порто продолжува во Лига Европа, а Милан испадна.